dance to the radio
radio.spodeli.org/103
 

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

25 ГОДИНИ КАНАЛ 103
Објавено 18.03.2016
 
Точно #25ГодиниКанал103 е фактор на македонската инаквост.
Автентично културолошко јадро на самобитност, самобендисаност.
Легло на самостојна мисла и независна дејност.
Симбол на отпорот кон коруптивниот естаблишмент и контрабаласт на неговата суицидна доктрина.
Точно #25ГодиниКанал103 е прослава на духот, креативноста и љубовта во најчиста форма.
Време е за прослава.
Време е тие долги, понекогаш тешки, но секогаш исполнети со смисла #25ГодиниКанал103 да бидат дотерани, спакувани, провеселени, вреднувани и поставени на видно место во витрината на дубиозното македонско битисување на планетава.
Централната прослава по повод #25ГодиниКанал103 
е замислена како ГОЛЕМ МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ,
на кој покрај бројни имиња од нашата земја, кои буквално се сраснати со идејата и дејноста на нашето Радио, ќе настапат и специјални гости од САД, култните
>> Psychic TV
>> добро познат музичко-културолошки квантитет, со неизмерлив квалитет и релевантност да се најдат не само во духовното јадро на Канал 103 туку и во самата матрица на идејата за алтернативно постоење/делување во светски рамки во последниве 50 години.

_ - _ -_

Билети во продажба од 28 март (понеделник) на билетарницата на Младински Културен Центар, во Jugoton, Пола Југотон и на Купи Карти За Се.

Цени на билетите:
28 март - 3 април >> 300 ден.
4 април - 13 мај >> 400 ден
14 мај >> 500 ден.

ВАЖНО: За првите купени 500 билети следува подарок CD, From Subway to My Way, првиот албум на Пиколомини и воедно првото издание на Стотројка.

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

ВО МОМЕНТОВ НА 103ЈКА:


Објавено 29.06.2016
.