dance to the radio
radio.spodeli.org/103
 

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

ЧИСТА ОКОЛИНА: КУРТАШАК СИ ИГРАМЕ СО РАПОТ!
Објавено 29.06.2016
Чиста Околина се едни од најлегендарните хип-хоп колективи во Македонија, и едни од основачите на македонскиот старошколски звук. Тие отсекогаш имале уникатна продукција која што не се совпаѓала со некои други правци кои рапот во државава ги заземал, со други зборови – тие никогаш не биле цврсто рап, а доказ за тоа се соработките со Last Expedition, па подоцна и создавањето на Mosaique со Веле Солунчев на вокали, Славе на скреч и бендот од Sethstat позади тоа – создавајќи го најкултниот acid/rap/jazz бенд во регионов.
 
Песната “Си играме со рапот”, или можеби по-позната како “Си играме курташак” беше објавена од бендот на 29ти јуни со видео запис кој доста добро се вклопува со нумерата, создавајќи убава слика за тоа што следи, и за тоа што ќе го слушнеме на Д Фестивал за брзо време.
 
Мора да се забележи дека оваа трака стана некаква чудна сензација кај раперите и раперчињата во државава, со тоа што сите на чуден начин ги фати некаква паника – и почнаа да серат каде што не им е местото.
 
Понекогаш и луѓето што активно ја следат музиката паѓаат под некоја прекривка на таканаречен мир, сфаќање дека овие стилистички различности што раперите ги имаат се премногу мали, текстовите – и нивната намена ќе ги обедини сите, но тоа е најголемата лага што може некој да си ја каже сам себе си.
 
“Тоа R(итам) N’B(улшит) стана хип-хоп!
Се е дело на власта која продира
Само џган облечен во тиранин.
И знам дека песнава е сирова
Ама Околината е евергрин како Нина Спирова.”
Извадок од Чиста Околина – Си Играме со Рапот
 
Продукциски траката е еден од најсилните извадоци оваа година општо во алтернативната музика во Македонија. “Е сега чекај малку! Се наметнува прашањето за: Кој кур ти дал кур?” Влезот на 2:40 несомнено потсеќа и ја нуди цела енергија од траката на тапет, а гитарите на Сецко од Last Expedition / Mooger Fooger продираат низ звучниците – така што кога ќе се размисли на какви сè звучничиња од телефони слушаат “упатените”, не е ни чудно што лесно можат луѓето да се изгубат во овој навидум за нив хаос.
 
Можеби ова е истиот проблем што Чиста Околина го имале кога започнале да прават рап, но факт е дека глобално има некои луѓе кои се затворени музички и тапкаат во место, и слободно може да се каже дека тие што јадат гомна без никакви тежини на зборовите спаѓаат во таа категорија.
 
Нормално е дека траката нема да му се свиѓа на секого, но тука станува збор за принципот на почит и за коментирање на тотално идиотски работи кои се исцрпени од раперското его, каде што во Македонија многумина може да си закажат со психијатар и да почнат да се лечат што е можно побрзо.
 
Но кога ќе се размисли, нормално би било да раперите се осеќаат загрозено бидејќи долго време уживаат во апсолутна моќ и монопол на рап сцената, а оваа трака и настапот на Д Фестивал се еден голем замав против таа анти-артистичка машинерија. Целава ситуација и избрзаните непромислени реакции се само доказ за чернобилските мутации меѓу младите, осакатени од радијацијата раширена при апсолутната власт на хомогениот рап кој веќе долго време се сервира и не дозволува ниту мала отстапка од стандардизираниот хип-хоп шаблон. Било каква критика и различен став од нивното мислење како слушател (замислете од артистичка положба), автоматски се категоризира како хејтеризам или непријателска закана. Целиот респект и меѓусебна поддршка е базирана на “нати го – дај ми го”, и да си гзолижач е веќе потврдена окупација во сферите на македонскиот рап.
 
“Бирам, конципирам
А Ноневски би рекол рециклирам!
Референца за книгата/зборник Грамофонот како метаинструмент за преминот на грамофонот од средство за механичка репродукција на музика во сателитска чинија на ремикс културата од Вангел Ноневски
 
Во случајов не говориме строго за Чиста Околина, тоа е само повод да се искаже револтот и недостигот на поддршка за експерименталност, креативност и автентичност од секој аспект. Можеби тоа е причина зошто никогаш во Македонија не е пробиена експерименталната електроника односно лејбелите како Ninja Tune, Mo’Wax, Tru Thoughts, Definitive Jux, Dusted Wax Kingdom и многу други. Иако се работи претежно за инструментална хип-хоп продукција мислам дека ја имаме поентата.
 
Настрана од тоа, освен Чиста Околина на траката учествуваат и Славе Спировски (DJ Slave) на с-с-скречови како гостин, Ѓоле Максимовски на бас гитара и Гоце Стефковски на тапани и перкусија.

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

ВО МОМЕНТОВ НА 103ЈКА: