dance to the radio
radio.spodeli.org/103
 

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

Leitmotif @ Kanal 103
Објавено 27.02.2014

Leitmotif во живо на Канал 103

 

Недела, 2 март. 22 часот

 

 

Во најновото издание на радио серијалот Ако никој не свириво глувата соба на Канал 103 концерт ќе одржи младиот скопски состав Leitmotif.

 

Со „километража“ од само неколку месеци зад себе, Leitmotif се наметнаа како миленици на независната сцена, најмногу благодарејќи на силнотo дебитантско издание „Luminescence“, реализирано во соработка со Gorilla 92 Records. Тие создаваат долги и внимателно структурирани композиции, кои пловат низ различни атмосфери и мноштво на жанрови, како пост-рок и шугејз, со помалку евидентни траги на блек метал и хардкор панк.

 

Leitmotif е во состав: Предраг Младеновски (гитара), Благоја Камчевски (бас) и Благој Дамјановски (тапани, вокал).

 

Тон мајстор на концертот ќе биде Ненад Трифуновски.

 

ЕП-то е достапно за бесплатен download на нивната bandcamp страница.

103 Инфо |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||

ВО МОМЕНТОВ НА 103ЈКА:


Објавено 29.06.2016
.